Завршена изградбата на новата детска градинка во населбата Расадник – Делчево
- Делчево доби нов современ објект за згрижување на најмалите – детската градинка во населба Расадник. Со капацитет од 130 деца, поделени во шест воспитни групи и две јаслени, установата ќе придонесе за целосно укинување на листата на чекање за прием во градинка.
Делчево, 8 август 2025 (МИА) - Делчево доби нов современ објект за згрижување на најмалите – детската градинка во населба Расадник. Со капацитет од 130 деца, поделени во шест воспитни групи и две јаслени, установата ќе придонесе за целосно укинување на листата на чекање за прием во градинка.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, истакна дека овој проект е значаен чекор во унапредувањето на условите за најмладите жители на општината.
-Новата детска градинка е современ и уникатен објект кој ќе го краси Делчево. Нејзината намена – да згрижува и воспитува дечиња од најмала возраст, ќе значи и анулирање на листата на чекање, а родителите ќе добијат сигурно и квалитетно место за своите деца, рече Трајковски.
Градинката организациски ќе биде дел од ЈУДГ „Весели Цветови“, но ќе работи како независна целина.
-По завршениот технички прием, објектот ќе биде подготвен да ги прими новите групи, подвлече Трајковски.
Вредноста на инвестицијата изнесува околу 60 милиони денари со ДДВ, обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Општина Делчево. Изведувач на работите е фирмата „Атриум“ ДООЕЛ Вевчани. вс/вј/
Фото: МИА