• недела, 22 декември 2024

Завриши сервисот во ВЕЦ „Богданци“ за зголемена доверливоста во нејзината работата

Завриши сервисот во ВЕЦ „Богданци“ за зголемена доверливоста во нејзината работата

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Завршија сервисните активности на турбина број 9 на ВЕЦ „Богданци“, што ги изведоа екипи на „Сименс“, соопшти ЕСМ.

Како што се наведува во соопштението, при сервисните активности е заменет т.н. gearbox, еден од најважните делови на секоја ветерна турбина, со што е зголемена доверливоста во работењето на централата.

- Ветерниот парк „Богданци“ е еден од најзначајните проекти во сопственост на АД ЕСМ кој финансиски е поддржан од германската KfW Банка. Во тек е втората фаза од конструкцијата на овој ветерен парк со чија реализација ќе се исполни планираниот капацитет од 50 мегавати инсталирана моќност, се додава во соопштението. сп/

Фото: ЕСМ

Остани поврзан