• понеделник, 23 декември 2024

Забрзано се гради првото шеталиште во Штип, со цел на него да се одржи штипската „Пастрамајлијада“

Забрзано се гради првото шеталиште во Штип, со цел на него да се одржи штипската „Пастрамајлијада“

Штип, 13 септември 2024 (МИА) - Забрзано се гради штеалиштето на улицата „Ванчо Прќе“ или позната како едносмерната улица во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека новото и прво шеталиште во градот Штип се уредува и поплочува, а претходно екипте на ЈП „Исар“ работеа на промена на водоводната и канализациона мрежа. Изградбата на шеталиштето во централното градско подрачје е забрзана, бидејќи на 20 и 21 септември се планира на оваа локација да се одржи манифестацијата „Пастрамајлијада“.

-Се надевам дека во најбрз можен рок ќе биде пуштена во употреба со соодветната планирана содржина, урбана опрема, целосно осветлување и можност истата да биде користена за одржување на настани во иднина. Некаде околу 200.000 евра се издвоени за оваа улица, изјави Јорданов.

Јорданов денеска најави дека по завршување на првата фаза, предвидена е и втора фаза, со која ќе се обноват и фасадите на зградите.

Инаку, на манифестацијата „Пастрамалијада“ предвидено е на новото шеталиште да се постават унифицерани куќарки, на кои угостителите ќе можат да го продаваат познатиот штипски кулинарски бренд. Цената на пастрамајлиите ќе изнесува 200 денари, а во една пастрамајлија треба да има 200 грама месо и 250 грама тесто. Угостителите нема да плаќаат закуп за куќарките, туку какошто вели Јорданов и организаторите треба да понудат квалитет на гостите, за да повторно се вратат наредната година. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан