• четврток, 21 ноември 2024

Забрана за сообраќај за камиони на превојот Буково и ГП Ќафасан

Забрана за сообраќај за камиони на превојот Буково и ГП Ќафасан
Скопје, 21 март 2021 (МИА) - Поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Струга – Г.П. Ќафасан и Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково. Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена од 20:00 часот. Претходно забрана за движење на камиони беше воведен на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар. Од 20:55 часот поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот превој Плетвар. Од 20:20 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар, планинските премини Пресека, Стража, Ѓавато, Буково и на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан, за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од 22:45 часот поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.вј/скс  

Остани поврзан