Забрана за движење кај месноста Виречка Полјана поради боево гаѓање во Делчевско
- Во делчевското село Вирче утре ќе биде спроведено боево гаѓање, заради што Регионалниот центар за управување со кризи го забранува движење кај месноста Виречка Полјана.
Делчево, 2 октомври 2023 (МИА) - Во делчевското село Вирче утре ќе биде спроведено боево гаѓање, поради што Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) забранува движење кај месноста Виречка Полјана.
Со забраната, како што информира РЦУК, е опфатено населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци.
-На ден 03.10.2023 година (вторник), во периодот од 09.00 до 14.00 часот ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на временото стрелиште на место викано Виречка полјана-атар на село Вирче. Поради тоа, се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе, информираа од РЦУК Делчево.
Освен движењето, забрането е и вршење на каква било работа и испаша на домашни животни.
Апелот, според РЦУК, е во насока на заштита на населението од несакани повреди и други незгоди. вс/мч/
фото: МИА