• петок, 22 ноември 2024

Жоржињо: За мене ќе биде чест да играм со Чех, претходно ова можев да го направам само на плејстејшен

Жоржињо: За мене ќе биде чест да играм со Чех, претходно ова можев да го направам само на плејстејшен
Лондон, 22 октомври 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо ги сподели своите ставови во врска со вклучувањето во лондонскиот состав на 38-годишниот голман Петр Чех, кој се пензионираше во 2019 година. - Мислам дека фактот дека Чех сега е со нас може многу да му помогне на тимот. Петр е легенда, тој е многу искусен, ќе помогне во соблекувалната и ќе може достоинствено да игра ако е потребно. За мене би било чест да излезам на теренот со него. Претходно, ова беше можно само на плејстејшен - го цитира „Мирор“ Жоржињо. Петр Чех се врати во составот на Челзи како четврти голман. Тој ќе биде на голот на „сините“ доколку ниту еден од Кепа Аризабалага, Едуар Менди и Вили Кабаљеро, не биде во состојба да настапи. зс/

Остани поврзан