• недела, 12 мај 2024

Жител на Охрид загина во сообраќајка кај Битола

Жител на Охрид загина во сообраќајка кај Битола

Битола, 6 ноември 2023 (МИА) - Во СВР Битола вечерва во 19.32 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над селото Братиндол, битолско, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „бмв" со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од селото Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25) од село Царев Двор, ресенско и патничко возило „рено клио"со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид.

Од страна на доктор во Клиничката болница во Битола, кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди.

Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, а сообраќајот на релација Битола-Ресен е пренасочен по стариот пат.мт/лв/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан