Жител на Долни Дисан приведен поради сомнение за одземање пари од такси возила
- Додадоа дека тој бил приведен во полициска станица, а дел од парите биле пронајдени и одземени.
Неготино, 25 септември 2025 (МИА) - Жител на неготинско Долни Дисан бил приведен поради сомнение за одземање пари од такси возила, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 16 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода З.К., 31-годишник од село Долни Дисан, неготинско, поради основано сомнение дека во два наврати одзел пари од такси возила во кои се превезувал, појаснија од СВР - Велес.
Додадоа дека тој бил приведен во полициска станица, а дел од парите биле пронајдени и одземени.
- По документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР - Велес. свд/бд/
Фото: МИА архива