• понеделник, 25 ноември 2024

Жители на струшко Делогожда оштетиле старо минаре во селото

Жители на струшко Делогожда оштетиле старо минаре во селото

Струга, 27 мај 2024 (МИА) - Четири лица од струшкото село Делогожда со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 16 часот во ОВР Струга било пријавено дека Н.К.(42), А.Ж.(20) и А.К.(20), со алат оштетиле старо минаре од џамијата во селото, предизвикувајќи општа опасност во пошироката околина.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан