• недела, 22 декември 2024

Жители на поплавени градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал

Жители на поплавени градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал

Мадрид, 3 ноември 2024 (МИА) - Гневни жители кои ги преживеаја смртоносните поплави во Шпанија фрлала кал и извикувала навреди кон шпанскиот крал Фелипе Шести и владините претставници, кои денеска по првпат го посетија Паjпортa, еден од најтешко погодените градови.

Полицијата морала да интервенира со коњичка единица за да го спречи неколку десетици најупорни демонстранти.

Владините претставници беа во придружба на монархот кој се обидел да разговара со некои од жителите, додека други викале на него во Пајпорта, предградие на Валенсија, кое беше разорено од поплавите.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите во вторникот, а илјадници ги изгубија своите домови и имот. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан