• петок, 22 ноември 2024

Жителите на валандовско Казандол еден месец немаат вода

Жителите на валандовско Казандол еден месец немаат вода

Валандово, 6 јули 2024 (МИА) - Заради пресушување на бунарот од кој валандовското село Казандал се снабдува со вода речиси еден месец жителите се оставени без елементарни услови за живот. Немаат вода за основните потреби во домот ниту за напојување на стоката, со оглед на тоа што станува збор за село кое доминантно се занимава со земјоделство и одгледување стока.

Тие денеска реагираа на ваквата состојба и велат дека побарале помош од Општина Валандово и од други надлежни институции, но засега немале одговор на нивните барања за да се обезбеди нормално водоснабдување на селото.

- Во ваква ситуација се снаоѓаме како знаеме и умееме и сме принудени со канистери да носиме вода од Валандово само за да можеме да ги задоволиме основните хигиенски потреби во домот, а проблемот дополнително го отежнуваат високите температури, стои во реакцијата на жителите.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, вели дека е најдено решение за проблемот со водоснабдувањето на селото Казандол и започнати се подготовките за ископ на нов бунар, а од вчера им се доставува вода на жителите со цистерни за задоволување на основните потреби.

Во Казандол живеат над 300 жители, а покрај проблемот со водоснабдувањето тие се жалат дека имаат проблеми со старата електрична мрежа што доведува до чести прекини кои некогаш траат и по неколку часови. рт/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан