• петок, 22 ноември 2024

Жиру ја продолжува кариерата во Лос Анџелес

Жиру ја продолжува кариерата во Лос Анџелес

 

Лос Анџелес, 27 март 2024 (МИА) – Францускиот напаѓач Оливие Жиру постигна вербален договор со американскиот фудбалски прволигаш Лос Анџелес.

Жиру (37) во моментов настапува за италијанскиот клуб Милан.

Договорот на Французинот ќе биде до декември 2025 година, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Лос Анџелес во октомври лани пројави интерес за услугите на Жиру, а клубот од американската МЛС лига претходно оваа недела испрати официјална понуда до фудбалерот.

Досега двете страни немаат потпишано договор, но наскоро соработката ќе биде официјализирана. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан