• петок, 05 декември 2025

Жиру постави рекорд во Лига Европа

Жиру постави рекорд во Лига Европа


Лил, 26 септември 2025 (МИА) – Напаѓачот на Лил, Оливие Жиру, стана највозрасниот играч кој влегол од клупата за резерви и постигнал гол на натпревар во рамки на Лига Европа, објави британската компанија за спортска анализа „Опта“.
Триесетиосумгодишниот Жиру влезе на теренот во 67-та минута, а 13 минути подоцна постигна гол во победата на Лил на домашен терен над норвешки Бран од 2-1.
Со овој гол, Жиру воедно стана третиот највозрасен стрелец во историјата на натпреварите во Лига Европа.
Од почетокот на оваа сезона, Жиру постигна три голови на пет натпревари за Лил во сите натпреварувања.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан