• среда, 15 мај 2024

Жиру: Дресот на Мањан ќе го ставам во рамка

Жиру: Дресот на Мањан ќе го ставам во рамка

Џенова, 8 октомври 2023 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру синоќешниот натпревар со Џенова го заврши како голман и со една своја интервенција имаше придонес во победата со 1:0. Французинот рече дека дресот на голманот Мајк Мањан со кој го заврши натпреварот од 8. коло на Серија А ќе го стави во рамка.

Во 90+9. минута од натпреварот голманот на Милан, Мањан доби црвен картон поради опасен старт, а тренерот Стефано Пиоли веќе имаше направено пет замени, па беше одлучено напаѓачот Жиру да застане на голот на „Росонерите“.

- Ова никогаш не ми се случило, но јас сум многу горд на тимот. Имав одлична одбрана, но имав и многу среќа, благодарам на гредата. Дресот на Мањан? Сега ќе го ставам во рамка, изјави Жиру по натпреварот.

По оваа средба Милан се најде на врвот на табелата во Серија А со 21 бод. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан