Жиру би можел да се врати во Франција
- Францускиот ветеран Оливие Жиру би можел изненадувачки да се врати во Франција и да му се придружи на Лил, според весникот „Вест Франс“.
Лил, 26 јуни 2025 (МИА) - Францускиот ветеран Оливие Жиру би можел изненадувачки да се врати во Франција и да му се придружи на Лил, според весникот „Вест Франс“.
Лил бара замена за канадскиот интернационалец Џонатан Давид, кој веќе има договор со Јувентус, како и за Едон Жегрова, кој има дозвола од клубот за трансфер и е блиску до преселба во Наполи.
Жиру (38), кој е светски шампион со Франција во 2018 година, бил контактиран од Лил и тој изразил подготвеност да се врати во Лига 1, каде што на крајот би можел да ја заврши кариерата. За да го направи ова, централниот напаѓач мора да најде начин да го раскине договорот со Лос Анџелес ФК, со кој веќе е елиминиран од Светското клупско првенство.
Оливие Жиру не играл во Франција 13 години, кога ја напушти земјата како шампион со Монпелје. Во меѓувреме, тој играше за Арсенал, Челси и Милан пред да се пресели во МЛС.
Напаѓачот е прв стрелец за француската репрезентација, со 57 постигнати голови. дс
Фото: Архива