Жесус неизвесен за куп-натпреварот со Ливерпул поради проблеми со коленото
- Фудбалерот на Арсенал, Габриел Жесус може да го пропушти денешниот натпревар со Ливерпул.
![Жесус неизвесен за куп-натпреварот со Ливерпул поради проблеми со коленото](https://mia.mk/images/20240107143904_big_730x400_5.webp )
Лондон, 7 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Арсенал, Габриел Жесус може да го пропушти денешниот натпревар со Ливерпул.
Арсенал од 17:30 часот ќе го пречека Ливерпул во 3. коло од ФА Купот.
Според „Дејли мејл“, Жезус се здобил со повреда на коленото. Засега не се знае од колкав обем е повредата, но речиси сигурно напаѓачот нема да настапи на денешниот натпревар.
Жезус во Арсенал дојде од Манчестер сити во 2022 година и е еден од најбитните фудбалери во ростерот на тренерот Микел Артета. зс/
Фото: ЕПА