• вторник, 25 март 2025

Жерар Депардје со свое сведочење во судскиот процес за сексуален напад

Жерар Депардје со свое сведочење во судскиот процес за сексуален напад

Париз, 25 март 2025 (МИА) - Францускиот глумец Жерар Депардје денеска сведочи во судската постапка против него поради обвинувањата за сексуален напад, објавија француските медиуми.

Одговарајќи на наводите за напад на две жени на снимањето на филмот „Зелени ролетни“ (Les Volets Verts) во 2021 година, познатиот француски поранешен кандидат за „Оскар“ рече дека судењето било „многу емотивно“ за него и дека нема да се крие, иако му е тешко. За време на неговото сведочење, Депардје негираше каква било вина, иако призна и неговото однесување е доживувана како „вулгарност“ од некои луѓе.

- Секогаш ми велеа дека имам „руска“ природа - не знам дали тоа е поради пиењето или вулгарноста, рече Депардје.

Тој е обвинет за непристојно допирање на 54-годишна сценографка и 34-годишна асистентка на режија, за време на снимањето на филмот. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до пет години и парична казна од 75.000 евра.

Поради популарноста и влијанието на Депардје (76) врз француската филмска индустрија, неговото судење се смета за важен тест за подготвеноста на Франција да се соочи со сексуалното насилство и барањето одговорност од влијателните мажи. Судењето првично беше закажано за октомври 2024 година, но беше одложено поради здравствената состојба на Депардје.

Неговиот адвокат Жереми Асус потврди дека глумецот имал четирикратен бајпас на срцето и дека тој боледува од дијабетес.

Ова е прво судење на Депардје по обвиненијата за сексуален напад. Околу 20 жени досега го обвинија за недолично однесување, но ниту еден случај не стигна до Судот, пред сѐ поради недостаток на докази или застареност на случаите. Тој сè уште е под истрага за обвиненијата за силување во 2020 година, кога актерката Шарлот Арно го обвини дека двапати ја нападнал во Париз во 2018 година, кога таа имала 22, а тој 70 години.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан