Женско е првото новороденче во Струшката болница
- Бебето на свет дошло еден час по полноќ.

Струга, 1 јануари 2025 (МИА) - Женско е првото родено бебе во Новата година во Општата болница во Струга, потврди за МИА, директорот Владимир Бунчески.
Бебето на свет дошло еден час по полноќ.
- Првото родено бебе на Гинеколошкото одделение во Болницата во Струга на свет дојде во еден часот и три минути. Тешко е 2.960 грама, долго 49 сантиметри, појасни Бунчески.
Бебето и мајката, која е прворотка, од струшкото село Лабуништа, се во добра здравствена состојба. сс/бд/
Фото: МИА архива