Женско е првото бебе родено годинава во Кавадарци
- Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци, информираше в.д. директорката на оваа јавна здравствена установа, со проширена дејност, Гордана Камчева.

Кавадарци, 1 јануари 2025 (МИА) - Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци, информираше в.д. директорката на оваа јавна здравствена установа, со проширена дејност, Гордана Камчева.
- Точно на полноќ се породи Мери Ѓоргиева од село Тремник и роди женско бебе долго 50 сантиметри и тешко 3.000 грама. Во 01.15. часот по полноќ, Аница Баснаркова од село Возарци донесе на свет момче тешко 3.800 грама и долго 52 сантиметри, соопшти Камчева. свд/бак/
Фото: МИА архива