• петок, 26 април 2024

Женска репрезентација до 17 години на квалификациски турнир во Португалија

Женска репрезентација до 17 години на квалификациски турнир во Португалија

Лисабон, 23 март 2023 (МИА) - Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 22 до 29 март во Лисабон, Португалија ќе учествува на УЕФА квалификациски турнир (Лига А). Нашата млада репрезентација за противници ги доби Германија, домаќинот Португалија и Унгарија, соопшти ФФМ преку својата веб-страница.

 

Во рамките на групата 3 од втората рунда квалификации, избраничките на Катерина Милеска во првото коло играат со фаворитот Германија (23 март). Три дена подоцна силите ќе ги одмерат со Португалија, во последното коло, кое е на програмата на 29 март, е средбата со Унгарија.

 

Милеска за овие натпревари ги повика следниве фудбалерки:

Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;

 

Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;

 

Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;

 

Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска. зс/

Остани поврзан