• вторник, 24 декември 2024

Жена првпат избрана за претседател на Советот на муслимани во Британија

Жена првпат избрана за претседател на Советот на муслимани во Британија
Лондон, 1 февруари 2021 (МИА) - Советот на муслиманите на Велика Британија ја избра Зара Мухамед за лидер, што е првпат тоа тело да и довери таква функција на жена. Таа ќе ја преземе функцијата генерален секретар на најголемото британско тело за џамии, исламски училишта и муслимански здруженија, а на тоа место ќе дојде од позицијата консултант за развој, пренесува Скај њуз. По изборите, таа прокоментира дека е почестена да ја преземе новата одговорност. „Благодарна сум за шансата и довербата на делегатите“, рече таа. Зара Мухамед (29) е од Глазгов, а исто така е и првиот генерален секретар на организацијата, по потекло од Шкотска. За време на изборите таа ја победи Ајмала Масрура, имам и професор. Изборот на Зара Мухамед го поздрави градоначалникот на Лондон, Садик Кан. паг/  

Остани поврзан