• петок, 05 декември 2025

Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско Синичане    

Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско Синичане    

Tетово, 2 јули 2025 (МИА) – Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница. Станува збор за 41 годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“.

-На 01.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од сelo.Синичане, која според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот кога на шумски пат на место викано „Голем рид“ во сelo Синичане била нападната од мечка, соопшти СВР Тетово. ас/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан