• недела, 24 ноември 2024

Жао: Кина ќе ја интензивира соработката со Северна Кореја

Жао: Кина ќе ја интензивира соработката со Северна Кореја

Пјонгјанг, 11 април 2024 (МИА) – Кина е подготвена да соработува со Северна Кореја во сферата на законодавството со цел да се подобрат односите помеѓу двете земји, изјави денеска претседателот на Постојаниот комитет на народниот конгрес на Кина, Жао Леџи при посетата на Пјонгјанг.

- Нашата непоколеблива стратешка политика отсекогаш била фокусирана на одржување, консолидирање и развој на односите помеѓу Кина и Северна Кореја, наведе Жао, повторувајќи ги зборовите на кинескиот претседател Си Џинпинг за време на средбата со севернокорејскиот политичар Чое Рионг-хај.

Жао ја предводи кинеската делегација, која е во посета на Северна Кореја по повод одбележувањето на 75-годишнината од воспоставување на дипломатските односи.

Тридневната посета, која почна денеска на покана на Северна Кореја, го покажува „големото значење“ што Кина им го придава на овие односи, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Жао е највисокиот кинески функционер кој престојува во Пјонгјанг од државната посета на Си во 2019 година, кога тој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. ми/

Фото: ЕПА

Остани поврзан