• понеделник, 23 декември 2024

Жан-Пјер: Подготвени сме да воведеме дополнителни трошоци за Русија, доколку се продолжи со анексија

Жан-Пјер: Подготвени сме да воведеме дополнителни трошоци за Русија, доколку се продолжи со анексија
Вашингтон, 26 септември 2022 (МИА) - САД „никогаш нема да ги признаат“ окупираните територии од Русија како „што било друго туку ... дел од Украина“, соопшти Белата куќа, додека сепаратистички лидери во четири региони на Украина велат дека во тек се референдуми за дали да се отцепат и да се приклучуват кон Руската Федерација, пишува „Си-ен-ен“. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер за „Си-ен-ен“ денеска изјави дека „лажниот референдум“ е „флагрантно кршење на меѓународното право“. - Што се однесува до она што го правиме, ние сме подготвени да воведеме дополнителни брзи и сериозни економски трошоци за Русија, заедно со нашите сојузници и партнери, како одговор на овие дејствија што ги гледаме моментално, доколку тие продолжат со анексија, појасни Жан-Пјер. Таа најави повеќе детали на темата наредните денови. бд/јт/

Остани поврзан