• вторник, 02 јули 2024

Жалгирис го назначи Јуре Здовц на функцијата главен тренер

Жалгирис го назначи Јуре Здовц на функцијата главен тренер
Каунас, 12 октомври 2021 (МИА) – Литванскиот кошаркарски великан Жалгирис официјално го објави назначувањето на Јуре Здовец на функцијата главен тренер на тимот. Договорот со 54-годишниот Словенец важи до крајот на сезоната 2021/22. Здовц го наследи Мартин Шилер, кој беше отпуштен по два порази на почетокот на новата сезона во Евролигата. Минатата сезона, словенечкиот кошаркарски стручњак беше тренер на Метрополитан 92. зс/

Остани поврзан