• недела, 22 декември 2024

ЕУ ќе ги ублажи строгите климатски правила за да ги смири протестите на земјоделците

ЕУ ќе ги ублажи строгите климатски правила за да ги смири протестите на земјоделците

Брисел, 14 март 2024 (МИА) - Европската комисија  ќе предложи измени во програмата Заедничка земјоделска политика, која на земјоделците им нуди субвенции во замена за исполнување на целите за животната средина, по протестите на земјоделците ширум Европа, јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекува дека Европската комисија ќе даде предлози уште в петок со цел дополнително да се намали административното оптоварување на земјоделците, да се обезбеди фер конкуренција и да се зајакне нивната позиција во синџирот на снабдување со храна.Тој план ќе биде клучна тема на состанокот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел. зш/

Остани поврзан