ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег
- Европската Унија го осудува одобрувањето на плановите за изградба на над 3.426 станбени единици за дополнително проширување на илегалните еврејски доселенички населби на окупираниот Западен Брег и го повикува Израел да ја повлече ова одлука, соопшти портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во објава на Икс.

Брисел, 7 март 2023 (МИА) - Европската Унија го осудува одобрувањето на плановите за изградба на над 3.426 станбени единици за дополнително проширување на илегалните еврејски доселенички населби на окупираниот Западен Брег и го повикува Израел да ја повлече ова одлука, соопшти портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во објава на Икс.
- ЕУ повторува дека населбите се илегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, бидејќи го загрозуваат решението за создавање две држави. Понатаму, проширувањето на населбите целосно не е во согласност со тековните напори за намалување на тензиите, што е уште поважно пред претстојните верски свечености Рамазан, Пасха и Велигден, се наведува во реакцијата.
Стано посочува дека позицијата на ЕУ останува непроменета и таа нема да признае никакви промени на границите од пред 1967 година, вклучително и во однос на Ерусалим, освен оние што ќе ги договорат страните. сп/
Фото: МИА Архива