• четврток, 08 август 2024

ЕУ: Украинскиот упад во руската Курска област е самоодбрана

ЕУ: Украинскиот упад во руската Курска област е самоодбрана

Брисел, 8 август 2024 (МИА) - Европската унија смета дека неодамнешната украинска инвазија на пограничниот руски регион Курск е дел од „легитимните воени акции за самоодбрана“, изјави денеска портпаролот во Брисел, јави ДПА.

Портпаролот на шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека „Украина има право да се брани“ од Русија, вклучително и „да го нападне непријателот на нејзина територија“.

Русија прогласи вонредна состојба во Курската област поради борбите, а руското Министерство за одбрана соопшти дека околу 1.000 украински војници учествуваат во офанзивата.

Портпаролот на ЕУ ја потврди „целосната поддршка“ на блокот „за Украина и за нејзината легитимна самоодбрана од агресијата“ и рече дека Унијата ќе продолжи со својата „политичка, финансиска, хуманитарна, дипломатска и воена помош“ за Киев. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан