• сабота, 21 декември 2024

ЕУ се надева на почеток на преговорите со Украина во 2025 година

ЕУ се надева на почеток на преговорите со Украина во 2025 година

Брисел, 15 ноември 2024 (МИА) - Европската комисија изрази надеж дека следната година ќе започнат преговорите за членство на Украина во ЕУ, соопшти портпарол на институцијата. Овој напредок зависи од спроведувањето на реформите и одлуките на Советот на ЕУ.

- Се надеваме дека ќе ги започнеме преговорите за пристапување на Украина во ЕУ во суштина следната година, изјави денеска портпаролот на Европската комисија како одговор на прашање поврзано со реформите што ги презема Киев.

Овие реформи придонесуваат за исполнување на условите на патот кон ЕУ, посочи портпаролот. Тој додаде дека реформите се неопходни и за исплата на европската помош.

Вчера ЕК препорача да се доделат уште 4,1 милијарди евра од ЕУ за да се обезбеди работата на украинската јавна администрација. Портпаролот денеска прецизираше дека доколку предлогот на комисијата биде одобрен од Советот на ЕУ, европската финансиска помош за Украина за оваа година ќе достигне 16,1 милијарди. евра.

- Се надеваме дека следната година ќе можеме да ги започнеме пристапните преговори со Киев, но тоа е донекаде во рацете на Советот на ЕУ, резимира портпаролот на ЕК.

Минатиот месец, при презентацијата на годишните извештаи за проширувањето на ЕУ, комисијата објави дека подготвила рамка за претстојните преговори со Украина и Молдавија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан