• четврток, 04 декември 2025

ЕУ сака да види доказ дека Русија ја запира агресијата во Украина

ЕУ сака да види доказ дека Русија ја запира агресијата во Украина

Брисел, 19 април 2025 (МИА) - Европската комисија реагираше денеска претпазливо на 30-часовниот прекин на огнот што го објави рускиот претседател Владимир Путин, со забелешка дека сака да види докази оти Русија ја запира агресијата во Украина.

- Русија се покажа како агресор, затоа прво треба да видиме вистински прекин на агресијата и јасни акции за траен прекин на огнот, рече Анита Хипер, главната портпаролка на ЕК за надворешни работи и безбедност, пренесува БТА.

Хипер додаде дека помина повеќе од еден месец откако Украина се согласи на безусловен прекин на огнот.

- Русија би можела да ја запре оваа војна во секој момент доколку навистина сака... Ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина за долг, праведен и сеопфатен мир, кажа Хипер.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан