• сабота, 20 јули 2024

ЕУ на мака со испораката на ветената воена помош за Украина

ЕУ на мака со испораката на ветената воена помош за Украина

20 септември 2023

АФП, АГЕРПРЕС, АТА, БТА, дпа, ЕФЕ, МИА, ТАСР

Плановите за зголемување на трошоците на ЕУ за да ѝ се помогне на Украина во одбраната од руската агресија се во застој поради неподготвеноста на ниво на ЕУ да се одвојат повеќе средства. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел останува оптимист велејќи дека земјите-членки треба да ги мобилизираат нивните индустрии доколку ЕУ сака да го одржи ветувањето дека ќе испорача милион рунди муниција на Украина до следната пролет.

Европската унија може да не успее во исполнувањето на својата цел за испорака на еден милион артилериски гранати и ракети за Украина во период од една година, односно до март 2024 година. Ова се случува и покрај напорите за јакнење на производствените капацитети и договори со воената индустрија. На состанок на министрите за одбрана на блокот во вторникот, европските претставници ја разгледаа ситуацијата со воената поддршка што веќе е дадена и ветена за Украина во нејзината одбрана од руската инвазија.

„Целта од 1 милион нема да биде постигната, тоа треба да го претпоставиме,“ изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Гласовите што предупредуваа уште од самиот почеток дека целта е нереална сега се за жал во право, рече тој.

Маките на Унијата да ги исполни ветените испораки доаѓаат во време кога опозицијата во Конгресот на САД фрли сомнеж врз способноста на Вашингтон за одржување на испораките. Исто така, песимистичките проценки се случуваат во лошо време за Украина, откако нејзината контраофанзива не успеа да ја поврати територијата на земјата, додека војната на Израел против Хамас се чини дека го пренасочи вниманието на нејзините клучни сојузници.

Членките на ЕУ претходно одлучија дека ќе и испорачаат на Украина еден милион артилериски гранати што ѝ се очајно потребни на земјата во одбраната од Русија. Досега, земјите на ЕУ успеаја да обезбедат само 300 000 рунди од нивните залихи.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, западните земји имаат испорачано голем опсег на вооружување за Киев, во зависност од развојот на настаните на бојното поле. Брисел вели дека заедно со земјите-членки е организирана воена поддршка во износ од 27 милијарди евра за Украина од почетокот на војната – но планот за обезбедување на гарантирана долгорочна поддршка за Киев се соочува со сопки.

Според весникот, социјалдемократите на чело со поранешниот словачки премиер Роберт Фицо во наредните денови ќе побараат вонредна седница на Националниот совет (парламентот), а на дневен ред ќ

Нова помош на ниво на ЕУ изгледа контроверзна

Додека најголем дел од земјите-членки на блокот велат дека се подготвени да ја поддржуваат Украина на долг рок, некои земји, како што се Унгарија и Словачка, не се подготвени да дадат нови финансиски гаранции за Киев, а со тоа ги одложуваат дискусиите околу иницијативата на ЕУ.

Во текот на јули, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика предложи нов фонд за одбрана вреден 20 милијарди евра во текот на следните четири години за да се покријат испораките на оружје за Украина. Планот беше дел од поголемото ветување на Г7 за обезбедување на долгорочни безбедносни гаранции на Киев во одбраната од руската агресија.

Добивањето согласност од 27те земји-членки на ЕУ околу нова помош за Киев стана уште потешко поради фактот што континуираната финансиска поддршка за Украина е поврзана со предлогот за големо преструктуирање на долгорочниот буџет на ЕУ. Комисијата неодамна побара од 27те земји-членки да одвојат дополнителни 66 милијарди евра за заедничкиот буџет, што предизвика незадоволство кај некои влади што се борат со стагнирачки економии и кратења во своите земји.

Германија – која објави минатата недела дека ќе го удвои финансирањето за Украина на осум милијарди евра во текот на следната година – не е подготвена да даде повеќе средства во касата на ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека постоечките средства треба подобро да се искористат пред да се бара повеќе пари од земјите-членки на ЕУ.

Унгарија, најблискиот сојузник на Русија во блокот, го истакна својот скептицизам околу планот. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не е подготвен да се согласи одвојување повеќе средства за Украина.

Новата влада на Словачка предводена од Роберт Фицо веќе нема да обезбедува државна воена помош за Украина. Сепак, ќе ги почитува договорите за вооружување на Украина од страна на приватни компании во Словачка, изјави во понеделникот во Брисел министерот за надворешни и европски прашања Јурај Бланар. Минатата седмица, словачката влада блокираше пакет воена помош за Украина вреден 40,3 милиони евра што беше планиран од страна на претходната администрација.

Подготвеноста на Европа за поддршка на Украина останува јасна

Иако плановите за трошење на повеќе средства за да ѝ се помогне на Украина во одбраната од Русија доаѓаат во време на зголемен притисок, подготвеноста на Европа за поддршка на Украина и нејзините граѓани – било преку финансиска, воена или друга форма на помош – не е целосно намалена.

И покрај својот став за воена помош на државно ниво, министерот за надворешни работи на Словачка исто така подвлече дека земјата сака да им помогне на украинците со хуманитарна помош и расчистување на мини во текот на претстојната зима. Словачка исто така ги поддржува аспирациите на Украина да стане членка на ЕУ.

Оваа седмица беше отворен нов европски центар за обука на Ф-16 пилоти во Романија, во кој главно ќе се обучуваат романски пилоти но исто така и пилоти од земјите сојузници и партнери, вклучително и Украина. Согласно договорот за отворање на центарот, Романија ќе ја обезбеди воената база за обука, Холандија ќе ги обезбеди воздухопловите, а компанијата Локхид Мартин од САД ќе ги обезбеди инструкторите и одржувањето. Се очекува Украина да почне да ги добива борбените авиони Ф-16 од некои од западните сојузници во 2024 година.

Според бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев, Бугарија ја гарантира сопствената безбедност преку помагањето на Украина. Вреди да се помага Украина па дури и минимално, нагласи министерот по одлуката на бугарскиот парламент од 27ми септември да испорача дополнителна воена помош за Украина. Во вторникот, Тагарев изјави за бугарските новинари во Брисел дека војната во Украина веројатно ќе продолжи и земјите-членки на ЕУ ќе треба да ги надополнат нивните воени залихи, што значи дека бугарската индустрија ќе добива соодветни нарачки.

Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска на 6 ноември во телевизиско гостување соопшти дека пред неколку недели од Украина е добиен нов список со

барање за воена помош, кој се уште е предмет на анализа во Генералштабот на Армијата. „Ако можеме да одговориме позитивно, списокот веднаш ќе до доставам до Владата и ќе биде усвоен,“ изјави Петровска, додавајќи дека барањето од украинската страна е класифицирано.

Албанија се приклучи на пакетот санкции на ЕУ врз Русија како дел од одговорот на војната во Украина. Албанија исто така е дел од Одбранбената контакт група за Украина (УДЦГ), преставена преку министерот за одбрана Нико Пелеши. УДЦГ е иницијатива предводена од САД што ги вклучува сојузниците и партнерите од целиот свет за да дискутираат околу соработката и безбедносните предизвици што произлегуваат од руската агресија во Украина.

Иранскиот министер за надворешни работи е поканет во Брисел, соопшти Европската унија денеска, со повик за „деескалација на тензиите“ во Заливот по американските воздушни напади во кои загина

Борел и Бретон: Индустријата има капацитет

Во однос на ветената муниција, европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон ги увери министрите за одбрана на блокот дека плановите на Брисел да се охрабрат компаниите што произведуваат оружје ги подготви да ја произведуваат договорената количина. Тој исто така појасни дека верува оти блокот би можел да ја исполни целта да произведе „повеќе од еден милион“ гранати до следната пролет.

„Индустријата поседува капацитет да произведе еден милион проектили, но тоа не значи дека ќе имаме еден милион проектили спремни во март,“ коментираше Жосеп Борел и додаде „земјите-членки треба да ги дадат наредбите за такво производство“. Во секој случај, тој изјави дека „политичката цел“ за да се дојде до еден милион е „амбициозна“ но дека „ќе продолжиме да работиме на тоа“.

Борел изјави дека големо прашање е тоа што европските одбранбени компании извезуваат околу 40 проценти од нивното производство во други земји. Тој ги повика земјите-членки да дадат приоритет на извозот на муниција на Украина, за да се обезбеди повеќе муниција за пократко време. Прашањето, според Борел, е дали земјите кои се оние што ќе го испратат материјалот во Киев ќе се организираат за навремено да го распоредат производството.

Високиот претставник за надворешна политика рече дека земјите доставиле заеднички нарачки за уште 180 000 гранати од 155мм, но таа бројка однесува за до крајот на следната година.

Борел изјави дека ќе ги информира европските лидери околу неговата работа со властите во Украина за да се обезбедат долгорочни безбедносни гаранции и дека ќе претстави нов предлог за безбедносни заложби и воена помош за Украина во текот на декември.

Овој напис се објавува еднаш неделно. Содржината се заснова на вести од страна на агенции-учеснички во енр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан