ЕУ го осуди нападот во Москва
- Европската Унија е шокирана и згрозена од извештаите за терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во Москва, напиша на Х портпаролот за надворешни работи на Унијата Петер Стано на Х.

Брисел, 22 март 2024 (МИА) – Европската Унија е шокирана и згрозена од извештаите за терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во Москва, напиша на Х портпаролот за надворешни работи на Унијата Петер Стано на Х.
- ЕУ ги осудува сите напади врз цивили. Нашите мисли се со сите засегнати руски граѓани, додаде тој.
Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Крокус Сити Хол.