• петок, 16 јануари 2026

ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и на Исламскиот џихад за уште една година

ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и на Исламскиот џихад за уште една година

Брисел, 16 јануари 2026 (МИА) – Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на постојните санкции кон оние што ги поддржуваат, олеснуваат или овозможуваат насилни активности на групите Хамас и Палестински исламски џихад за уште една година, до 20 јануари 2027 година.

Со одлуката од листата на санкционирани е отстрането едно починато лице, со што во моментот на неа се наоѓаат вкупно 11 поединци и три субјекти.

На санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на граѓани и компании од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање средства и финансии. Дополнително, физичките лица подлежат и на забрана за патување, влез или транзит во земјите членки на ЕУ.

Оваа рамка на санкции за поддржувачите на Хамас и Исламскиот џихад е воспоставена на 19 јануари 2024 година по нападите од страна на Хамас на територијата на Израел во октомври 2023 година. сп/сд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан