• петок, 12 декември 2025

ЕУ воведе санкции за лидерот на паравоените „Сили за брза подршка“ во Судан

ЕУ воведе санкции за лидерот на паравоените „Сили за брза подршка“ во Судан

Каиро, 21 ноември 2025 (МИА) - Европската унија воведе санкции врз лидерот на суданска паравоена група поради „сериозни и тековни злосторства“ извршени од неговите сили во двегодишната војна со суданската армија.

Мерките објавени вчера против Абдел-Рахим Хамдан Дагал следат по слични санкции против неговата група Сили за брза поддршка, која е во војна со суданската армија.

Соединетите Американски Држави, исто така, воведоа санкции врз Дагал во септември 2023 година, на почетокот на конфликтот.

„Европската унија најостро ги осудува сериозните и тековни злосторства извршени од Силите за брза поддршка во Судан, вклучително и оние по заземањето на градот Ел Фашер“, се вели во соопштението на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, рече дека санкциите „испраќаат сигнал дека меѓународната заедница секогаш ќе ги гони криминалците“.

Досега нема одговор од Силите за брза поддршка, а нивните напади оставија стотици мртви и принудија десетици илјади луѓе да избегаат во бегалските кампови.

Граѓанската војна во Судан започна во 2023 година кога избувнаа тензии меѓу суданската армија и

Силите за брза поддршка, а војната уби најмалку 40.000 луѓе, а расели 12 милиони. мс/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан