• сабота, 18 мај 2024

Еуро Никел втор полуфиналист во кошаркарскиот Куп

Еуро Никел втор полуфиналист во кошаркарскиот Куп

Битола, 15 февруари 2024 (МИА) - Кошаркарите на Еуро Никел се вторите полуфиналисти на Купот на Македонија откако забележаа победа над скопски Чаир со 87-79 (47-47). 

Претходно МЗТ Скопје си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи.

Иако на минута до крајот, кавадарчани влегоа со минимална предност од 79-78, сепак  подобро се снајдоа во финишот и успеаја да стигнат до конечен триумф.

Смит Меквен со 28 поени беше најефикасен кај победникот, додека во редовите на поразениот состав, Давел Роби запиша 20 поени

Еуро Никел во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Пелистер и Феникс.дс

Фото: Принт скрин

Остани поврзан