Еурофарм Пелистер и Валид ставија крај на соработката
- Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со египетскиот ракометар Мохамед Калид Валид.
Битола, 30 декември 2025 (МИА) – Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со египетскиот ракометар Мохамед Калид Валид.
„Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена“, соопшти попладнево битолскиот клуб.
Валид во дресот на Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, а имаше и забележителни настапи во Лигата на шампиони.
Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач на египетската репрезентација дојде во Еурофарм Пелистер пред стартот на сезоната, кога потпиша едногодишен договор.ег
ФОТО: Еурофарм Пелистер/Фејсбук