• недела, 19 мај 2024

Еурофарм Пелистер загуби од Кил за трет пораз во Лигата на шампионите

Еурофарм Пелистер загуби од Кил за трет пораз во Лигата на шампионите

Битола, 27 септември 2023 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер пропушти шанса да го изненади германскиот првак Кил кој благодарение на искуството вечерва во Битола победи со 23:20. За битолчани ова беше трет пораз на исто толку средби во елитното натпреварување.

Домашниот тим поттикнат од петилјадна публика во најголем дел од средбата беше рамноправен противник со фаворитот, до 49 минута резултатот беше израмнет 16:16 и 19:19, но на крајот Кил успеа да победи.

 

- Вечерва во Битола имаше празник на ракометот. Ние сме најмладиот учесник во групата „А“, но можевме да изненадиме со поволен резултат доколку на крајот не направевме почетнички грешки, изјави по натпреварот, тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ.

Најефикасни во тимот на битолчани вечерва беа Радивојевиќ со 5 и Цехте со 4 голови, но најдобар впечаток остави голманот Калифа Гедбане, додека кај гостите Екберг и Елефсен постигнаа по 5 голови за успех на гостувањето на како што рекоа „жешкиот терен“ во Битола. мт/зс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан