Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
- Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер денеска ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампиони.
Битола, 27 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер денеска ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампиони.
Жрепката е закажана со почеток во 15:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.
Еурофарм Пелистер ја очекува денешната жрепка од третиот шешир.
Веднаш по жрепката ќе биде одреден и календарот за групната фаза, а ќе биде прогласен и најкорисниот ракометар за сезоната 2024/25.
Шешир 1:
Фуксе Берлин, Барселона, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем
Шешир 2:
Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, Киелце, ПИК Сегед
Шешир 3:
Еурофарм Пелистер, Спортинг, Загреб, Колстад, Динамо Букурешт. ег
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук