• сабота, 22 јуни 2024

Еурофарм Пелистер го освои бронзениот медал во СЕХА-лигата

Еурофарм Пелистер го освои бронзениот медал во СЕХА-лигата
Задар, 4 септември 2022 (МИА) – Екипата на Еурофарм Пелистер го освои третото место на завршниот турнир од регионалната СЕХА-лига што се одржува во Задар. Битолчани попладнево во дуелот за бронзата го победија Нексе од Нашице со 27:23. Македонскиот тим до победата дојде по извонредното второто полувреме кое го доби со 15:10. Голманот Урбан Лесјак со 12 одбрани, Усама Хосни со шест и Мирко Радовиќ со пет погодоци беа најзаслужните за победата на „пелистерци“. Вечерва од 19 часот се игра финалето на „Ф4 турнирот“ во кое ќе се соочат ППД Загреб и Веспрем. зс/

Остани поврзан