Еуростат: БиХ на последно место во Европа по индивидуалната потрошувачка
- Босна и Херцеговина минатата година била на последно место во Европа по реалната индивидуална потрошувачка, покажуваат податоците на Еуростат

Сараево, 16 декември 2020 (МИА) - Босна и Херцеговина минатата година била на последно место во Европа по реалната индивидуална потрошувачка, покажуваат податоците на Еуростат.
Податоците на Еуростат се засновани на два параметра - бруто домашниот производ (БДП) и податоците за реалната, индивидуална потрошувачка на жителите (АИЦ).
Според тие податоци во БиХ реалната индивидуална потрошувачка е 59 отсто, што е под просекот на земјите-членки на Европската Унија.
Реалната индивидуална потрошувачка во БиХ, соред анализата на Еуростат, веќе три години стагнира односно во 2017, 2018 и 2019 година,
Речиси идентична е ситуацијата со БДП. Во 2019 година БДП во БиХ изнесуваше 32 отсто од европскиот просек, што е идентичен резултат на 2018 година, а во 2017 година беше 33 проценти. ми/