• петок, 22 ноември 2024

„Еурактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграција на Скопје

„Еурактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграција на Скопје
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - САД го зголемуваат притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и брзо да ја одобри преговарачката рамка за членство на Скопје во Унијата, пишува магазинот „Еурактив“.
Во написот се пренесува изјавата на американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи и специјален пратеник за Западе Балкан, Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа дека што побрзо треба да се најде компромис на билатералното прашање меѓу Софија и Скопје, и да се деблокира евроинтеграцијата на Северна Македонија.
- Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Тие го претвораат ова во мултилатерално прашање што не засега сите нас, вели Ескобар.
Според него, дадени се некои „добри решенија“ за решавање на прашањето и Вашингтон ќе продолжи да ја притиска Софија да се најде компромис. Ескобар, исто така, вели дека дека би сакал пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да почнат оваа година, додавајќи дека двете земји го заслужија тоа.
Во контекст на изјавата на Ескобар, се посочува дека Вашингтон ја поддржува интеграцијата во ЕУ на Западен Балкан како начин за спречување на зголеменото влијание на Кина и Русија во регионот.
„Еурактив“ наведува и дека еврокомесарот за проширување Оливер Верхеjи вчера беше во Софија и се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Главна тема на средбите е бугарското вето за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. са/ац/

Остани поврзан