• понеделник, 23 декември 2024

ЕСЧП го суспендира разгледувањето на сите обвиненија против Русија

ЕСЧП го суспендира разгледувањето на сите обвиненија против Русија
Стразбур, 16 март 2022 (МИА) - Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) вечерва соопшти дека одлучил да го прекине испитувањето на сите обвиненија против Русија додека не ги разгледа правните последици врз неговата работа порди исклучувањето на земјата од Советот на Европа. Судот со седиште во Стразбур ја донесе одлуката откако Комитетот на министри на Советот на Европа рано денеска ја исклучи Русија од членството на таа водечка европска организација за заштита на човековите права, поради агресијата врз Украина. Европскиот суд за човекови права е формиран во 1959 година од страна на земјите-членки на Советот на Европа за да се занимава со наводите за кршење на Европската конвенција за човекови права од 1950 година. Комитетот на министри на Советот на Европа утринава на вонредна седница одлучи Русија веднаш да престане да биде членка, по 26 години во таа организација. аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан