• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Естонската морнарица задржа руски танкер од „флотата во сенка“

Естонската морнарица задржа руски танкер од „флотата во сенка“

Талин, 11 април 2025 (МИА) - Естонските власти денеска задржаа руски танкер кој е дел од „флотата во сенка“ на Русија во близина на островот Аегна, недалеку од Талинскиот залив.

Задржувањето не е поврзано со оштетување на критичната инфраструктура, изјави командантот на естонската морнарица Иво Варк на прес-конференција.

Танкерот, наречен „Кивала“, бил санкциониран поради минати активности, како од ЕУ, така и од најмалку три земји надвор од ЕУ, Канада, Швајцарија и Велика Британија, а бил на пат кон руското пристаниште Уст-Луга. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан