• недела, 22 декември 2024

Еспер: Кинезите нè мамеа, ниту сега не им верувам

Еспер: Кинезите нè мамеа, ниту сега не им верувам
Вашингтон, 16 април 2020 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека кинеските лидери мамеле и не биле транспарентни за епидемијата со новиот коронавирус, како и дека сега не се искрени. Тој потенцира дека му е тешко да верува во информациите што доаѓаат од Комунистичката партија на Кина. - Тие нè мамеа, не беа транспарентни од првиот ден откако се појави вирусот. Така што не верувам дека сега ни ја кажуваат вистината, посочи Еспер. ми/

Тагови

Остани поврзан