• недела, 22 декември 2024

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР

Вашингтон, 11 марта 2024 (МИА) - Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот.

Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март, пренесува Гласот на Америка.

- Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка, се вели во соопштението од Стејт департментот.

За време на посетата на Белгија, Ескобар ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) Мирослав Лајчак и други претставници на ЕУ и НАТО, за да разговараат за напорите за унапредување на реформите кои ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет во регионот на Западен Балкан.

Во Косово, пак, тој ќе се сретне со косовските владини лидери, граѓанското општество и заедниците на косовските Срби за да ја нагласи континуираната силна поддршка на САД за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ, наведува Стејт департментот. са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан