• недела, 22 декември 2024

Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите

Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите

Вашингтон, 15 март 2024 (МИА) - Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја суспендира одлуката за забрана на српската валута во Косово додека Европската унија, САД и Владата на Косово не најдат долгорочно решение.

-Премиерот рече дека тоа е одлука на независна институција, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа на крајот од неговата посета на Косово, што ја почна на 13 март.

Ескобар сепак рече дека се уште се надева оти решение ќе се најде во вторник, кога во Брисел ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија.

Тој додаде дека не добил никаква гаранција од премиерот на Косово во однос на подобрувањето на нацрт-статутот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Ескобар призна дека има, како што рече, „многу разочарување од оваа Влада на самоопределување, не само во Вашингтон, туку и во Брисел, Рим, Берлин и Париз“.

-Мислиме дека имаше одредени финансиски и организациски врски, но го истражуваме тоа во целина. Не бараме Србија да го истражи 24 септември (кога се случи нападот во Бањска), бараме одговорност, рече Ескобар, одговарајќи дали САД гледаат каква било поврзаност меѓу нападот на Бањска и државата Србија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан