• среда, 18 декември 2024

Ескобар за коалицијата Мета-Бериша: Граѓаните да не се враќаат назад, кога можат да гледаат во иднината

Ескобар за коалицијата Мета-Бериша: Граѓаните да не се враќаат назад, кога можат да гледаат во иднината

Тирана, 3 мај 2023 (МИА) – Да гласаш за коалицијата Бериша-Мета за САД е враќање назад на земјата, оценил специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во изјава за ТВ Репорт.

Во врска со оваа изборна коалиција која настапува на претстојните локални избори, тој додал дека „Не знам зошто луѓето треба да се гледаат назад во минатото, кога можат да гледаат кон иднината“.

На констатацијата дека е голема веројатност а тоа е потврдено и во анкетите, сојузот меѓу Сали Бериша и Илир Мета е главната опозициска сила во земјата и на прашањето дали САД ќе соработуваат со Бериша како лидер на опозицијата, Ескобар јасно кажал дека „не разбира зошто Албанците треба да гледаат назад“.

Додал дека „би сакал да не го коментирам премногу изборниот резултат, но сакам јасно да кажам и да го свртам вниманието на напредокот што Албанија го постигна во овие 30 години“.

-Албанија напредуваше во евроатлантските интеграции и го подигна нивото на кредибилитет на меѓународната арена што никогаш досега го немаше, а има многу предизвици кои треба да бидат вклучени во програмирањето на агендата, нагласил Ескобар.

Во средината на април Ескобар беше во посета на Тирана кога избегна средба со Бериша. Тој имаше средби со премиерот Еди Рама, претседателот Бајрам Бегај, вршителот на должноста претседател на ДП, Енкелејд Алибеај, како и со Мета, на кои разговарале и за изборите.

Според телевизијата претходно и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, ги повикала албанските граѓани да не го гласаат Сали Бериша потсетувајќи дека „тој е меѓународно изолиран“.

Американскиот Стејт департмент Бериша и неговото семејство, сопругата, синот и ќерката, за непожелни ги прогласи во мај пред две години, а во јуни минатата година Бериша стана непожелен и за Велика Британија.

Бериша и Мета се во изборна коалиција „Заедно победуваме“ со уште неколку помали партии. Коалицијата ја предводи Партијата на слободата на Мета, под чие лого настапуваат демократите на Бериша. вт/

Фото: Скриншот ТВ Репорт

Остани поврзан