Ерупција на вулканот Етна
- По уривањето на дел од кратерот на Етна, вулканот почна да исфрла лава и пепел, а туристите избегаа
Рим, 2 јуни 2025 (МИА) – По уривањето на дел од кратерот на Етна, вулканот почна да исфрла лава и пепел, а туристите избегаа.
Облак од пепел се издига го 6,5 километри во висина, но лавата се задржува на падините на вулканот.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) издаде црвен аларм за воздушен сообраќај поради облакот што се издига над вулканот.
Етна е највисокиот активен вулкан (3324 метри) во континентална Европа. И покрај честите ерупции во текот на изминатите 500.000 години, Етна е една од главните туристички атракции на Сицилија. ми/
фото: Икс