Ериксен не добил понуда за продолжување на договорот со Јунајтед
- Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен индиректно потврди дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед следното лето.
Копенхаген, 11 октомври 2024 (МИА) - Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен индиректно потврди дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед следното лето.
Договорот на играчот е само до крајот на сезоната, а тој самиот изјави дека се уште не се разговарало за негово продолжување.
Ериксен навести и дека одлуката за кариерата ќе биде донесена и врз основа на можноста да добие поголема минутажа на теренот и како се би влијаело на неговиот настап во дресот на „црвениот динамит“.
-Не, се уште немало разговори за нов договор. Одлуката за мојата иднина ќе биде избалансирана. Не станувам помлад, така што сите размислувања ќе бидат насочени кон мојата кариера. Каде одам јас, каде е репрезентацијата и слично. Имам одредено искуство во фудбалот. Ако се уште ја имате брзината, експлозивноста, способноста за трчање и се останато, тогаш мислам дека нема голема разлика помеѓу 29 и 32. Во ретроспектива, мислам дека останувањето во текот на летото беше вистинската одлука. Моето семејство е среќно тука, добро ми е и во последно време добивам се поголема минутажа. Немам за што да се жалам. Сега сум фокусиран на иднината и Јунајтед, изјави Ериксен.
Во моментов е дел од репрезентацијата на Данска со која утре ќе се соочи со Шпанија, а три дена подоцна со Швајцарија. дс
Фото: Принтскрин