• четврток, 25 април 2024

Ердоган: Нетанјаху е единствениот одговорен за тензиите на Блискиот Исток

Ердоган: Нетанјаху е единствениот одговорен за тензиите на Блискиот Исток

Анкара, 16 април 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада се единствено одговорни за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

- Израел се обидува да предизвика регионален конфликт, а неговиот напад врз иранската амбасада во Дамаск беше последната капка, рече тој на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата, пренесе Ал Џезира.

Ердоган додаде дека се можни нови регионални конфликти сè додека продолжуваат „суровоста и геноцидот“ во Газа и ги повика сите страни да дејствуваат разумно. Тој, исто така, го критикуваше Западот што го осуди иранскиот, но не и израелскиот напад врз иранската амбасада. јт/

Фото: Анадолија

Остани поврзан